Македонската претсатвничка  Калиопи не успеа да се пласира во финалето на годинашното 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.tocka-67274

Таа настапи како осма во втората полуфинална вечер што се одржа синоќа, но не влезе меѓу десетте кои изборија пласман во финалето. Калиопи се претстави со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил.Реално тоа беше слаба песна коментираат познавачите и  чудно е како ја протнаа воопшто за наш претставник, но тоа е политика и темата за насловот – како се избираат претсавниците во Македонија.Тоа не поминува на Запад, се првите коментари.

Ова беше вторпат Калиопи  да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“.

Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери. Од првата полуфинална вечер пласман во финалето изборија претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта, а од втората полуфинална вечер се пласираа Летонија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија.

Шведска по третпат е домаќин на „Евросонг“

Слични содржини