Порно актерката Џесика Џејмс е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Калифорнија

од Vladimir Zorba

Американската порно sвезда Џесика Џејмс починала неочекувано на 43-годишна возраст во вторникот. Таа е пронајдена мртва во нејзиниот дом во долината Сан Фернандо во Калифорнија, пренесува германскиот весник „Билд“. Сè уште не е јасно што се случило.

Според полицијата, пријател на Џесика ја нашол во нејзиниот дом, откако неколку дена не успеал да се поврзе со неа и се загрижил. Тој повикал брза помош за да се утврди смртта на актерката. Рецепти од лекови биле откриени во нејзиниот дом.

Таа стана позната по 2000 година. Пред тоа, работела како наставник во основно училиште 3 години. Во 2002 година, таа прво се снимала во меко порно – тогаш имала 26 години. Во 2004 година, таа станува првиот модел што потпишува договор со американското списание за мажи „Хастлер“. Потоа кратко се повлече од порно-индустријата. Таа се врати во 2005 година со еротскиот филм „Porn Identity“.

Џесика глуми во над 200 филмови за возрасни, повремено појавувајќи се и како актерка во телевизиски серии и реалити шпуа во САД.

Нејзиното име е комбинација на нејзиното вистинско име, Џесика Рединг и името на нејзиниот поранешен партнер – Џејмс. Родена е во Алјаска. Нејзината мајка е со чешко и француско потекло, а нејзиниот татко бил агент на ДЕА – Американската агенција за борба со трговија на дрога, соопшти ТМЗ.

Пред само неколку дена, Џесика им објави на своите следбеници на Инстаграм, кои се скоро еден милион, дека се повлекува неколку дена од социјалните мрежи и заминува на одмор.

Слични содржини