102
Нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во моментов има северно од Куманово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Но, невремето веќе пристигна во Куманово и околината. Силни електрични празнења и пороен дожд започнаа пред малку, а се очекува да се задржат и во текот на ноќта, но со помал интензитет.
Локани врнежи од дожд со засилен ветер има на повеќе места, а врнежите се проследени и со електични празнења.
Слаби врнежи од дожд има во југоисточниот дел од земјава.
Од УХМР очекуваат нестабилноста постепено да се намалува во текот на ноќта.