Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека постоеле три сценарија за уништувањето на земјата. Според неговите зборови, и  сите пропаднале, јави Укринформ.

ukrainanemiri22maj-600x320

“Непријателите располагаа со три сценарија за уништувањето на Украина: Првото  сценарио беше политичко уништување. Непријателот беше уверен дека изборите за претседател нема да се одржат дека за време на изборите земјата ќе експлодира. Потоа сметаше дека нема да се одржат парламентарни избори.Второто сценарио беше економско уништување. Се очекуваше дека поради разурнувањата Украина ќе западне во стечај. Третото сценарио беше воено уништување. Офанзивата се   потпираше на тоа дека Украинците ќе бегаат од мобилизација. Но ние изградивме армија и додовме до  уникатни  волонтерски движење што го нема во светот. Многу украински граѓани учествуваа  сами во одбраната на државата “, изјави Порошенко.

Слични содржини