Petro Poroshenko

Украинскиот претседател Петро Порошенко за Си-Ен-Ен изјави дека воените разузнавачки служби имаат информации оти се подготвуваат нови акции врз територијата на Украина.

– Имам информации од безбедносно-разузнавачките служби дека ќе има инвазија, посочи Порошенко.

Тој наведе дека судирите во источниот дел на Украина ескалирале и оти на 15 јули загинале неколку цивили во судир со проруските бунтовници.

– Изгубивме осум војници во артилериски напад, 16 се повредени, а настрадаа и цивили. Тоа е реалноста на руската агресија во Украина, наведе Порошенко за американската телевизија./МИА

Слични содржини