Порто преку Рома до групната фаза во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

 

Порто убедливо ја победи Рома во дербито на вечерта во плеј-офот за групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА. Гостите од Португалија синоќа во Рим славеа со 3:0 и со вкупни 4:1 се пласираа во групната фаза од елитното натпреварување.images (44)

„Римската волчица“ натпреварот го заврши до девет фудбалери поради исклучувањата на Даниеле Де Роси во 39.минута и на Емерсон во 50.минута.

Постигнати резултати на петте реванши одиграни синоќа:
Рома – Порто 0:3 (вкупно 1:4),
Хапоел Бер Шева – Селтик 2:0 (4:5),
Легија – Дундалк 1:1 (3:1),
Монако – Виљареал 1:0 (3:1) и
Викторија Плзен – Лудогорец 2:2 (2:4).

Вечерва се се играат другите пет натпревари:
АПОЕЛ – Копенхаген (0:1 прв натпревар),
Ростов – Ајакс (1:1),
Манчестер Сити – Стеауа (5:0),
Борусија Менхенгладбах – Јанг Бојс (3:1)
Салцбург – Динамо Загреб (1:1).

Почетокот на сите дуели е во 20:45 часот/МИА

Слични содржини