Португалија победи на Песната за Евровизија

од desk3
Вечерва во Киев победи Португалија. Како второпласирана заврши Бугарија, додека на третото место се најде Молдавија. Со 758 поени, 27 годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа. 12 поени од Македонија заминаа на контото на Бугарија. Во финалната вечер учествуваа претставниците на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.
На првата полуфинална вечер, финале обезбедија претставниците на Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија.
Македонската претставничка Јана Бурчевска не обезбеди пласман, но во промотивното видео најави дека е бремена, а за време на паузата нејзиното момче ја побара за жена, што првпат се случува на некоја Евровизија.

Слични содржини