Производи:
1 и ¼ чаша брашно
1 чаша шеќер (може и малку повеќе, ако сакате повеќе слатки десерти)
⅓ чаша горко какао во прав
1 лажичка сода бикарбона
2 прстиња сол
1 чаша топла вода
1 лажичка екстракт од ванила
⅓ чаша растително маслоa2d896f76616aaed3681b1ce17fb1e10
За глазура:
½ чаша шеќер
4 лажици маргарин или масло
2 лажици соино млеко
2 лажици природно какао во прав
2 лажички екстракт од ванила

Подготовка:
Во сад измешајте ги шеќерот, брашното, какаото, ореви, солта, содата бикарбона и добро промешајте. Потоа додадете вода, масло и ванила. Добиенoто глатко тесто печете го во подмачканљ и набрашнета тава, во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.
Откако Колачот ќе се излади може да направите и глазура. Во сад комбинирајте ги сите состојки и мешајте постојано додека се поврзат во хомогена смеса. Прелијте го колачот со глазура и оставете го да се излади за околу еден час.

Слични содржини