Послаб земјотрес регистриран претпладнево во Скопје

од Vladimir Zorba

timthumb-2

Земјиштето во Скопската котлина не се смирува.  По земјотресот од 3,2 степени, кој се случи ноќеска имало уште  серија помали афтер шокови, кои биле регистрирани од Сеизмолошката опсерваторија. Според информациите, последниот потрес бил регистриран околу 11:20 часот претпладнево, но бил со исклучително слаба магнитуда од околу 1 степен според Рихтер, па граѓаните воопшто и не го почувствувале.
Почвата се тресела со исклучително слаб интензитет и во текот на ноќта.
Експертите велат дека тоа е нормална работа по поголеми потреси и дека нема простор за паника.

Слични содржини