Последна недела од изборната кампања- Одбројувањето почнува !

од Vladimir Zorba

Последнда седмица пред изборите. Уште само 5 дена кампања, па потоа изборен  молк и на 11 декември предвремени парламентарни избори.15319545_10154710021519804_201938647_n

Политичките партии денеска продолжуваат со активности за изборната кампања , со средби, митнзи и промоции на своите програми

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Вода и во Центар, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Дебар, Струга и во Охрид.

Митинг најави и коалицијата „Алијанса за Албанците“ пред жителите на Куманово.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Изборна единица 5 Александар Делов ќе говори на  прес-конференција во Кичево, а носителот на кандидатската листа на Левица во Изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп.

За денеска е најавено и потпишување документ за заштита и унапредување на животната средина од страна на политички партии од Изборна единица 6, во просториите на движењето „Еко Герила“ во Тетово

Слични содржини