“Кeshwa Chaca” е името на последниот мост на Инките, кој е изграден пред петстотини години.35213faf1f2473a0c8a40fefa8cf2f50

Во тоа време Инките сакале да ја прошират својот империја во Андите и создале неверојатна мрежа од патишта за брзо и ефикасно движење на своите војници, луѓе и стоки. Предметната патна мрежа се простирала на 40 000 километри, од современ Еквадор до Аргентина .

Пејзажот на ова место е доста интересен.Тој вклучува високи врвови и длабоки долини, што значи дека било потребно да се градат многу мостови.

Тие биле составен дел од овие патишта, како најчесто биле изработувани од различни материјали при рака – дрвени трупци, камења, трска, слама од високи треви и др.

Токму затоа овие мостови имале краток живот и биле заменувани на неколку години. По исчезнувањето на Инките во почетокот на 17 век, повеќето мостови биле урнати, со исклучок на овој. Тој преживеал, благодарение на напорите на локалните жители кои го обновувале секоја година во јуни, со помош на истата техника користена од нивните предци.

На фотографијата долу ги гледате мештаните од провинцијата Канас во Перу , кои работат по на јажето на мостот “Keshwa Chaca”, кој виси над реката Апуримак.

Мостот се состои од пет паралелни јажиња, извртени од дебелите стебла на локално растение.

Во антички времиња, Индијанците, кои доаѓалеод други области морале да платат такса за да го користат мостот (како форма на сообраќаен данок).

03f9eb125daff653ee7d8f5c1a179490 4a191e5165d276e282e23bd3eb5deb34 4c9cd48731212848cf991e7011f00b70 bafc802238fead9f6d13c5dbd6be5d95 af500cc7ec7e01ba97c65ac2be56c2a0 8326560704a9ba8ceda68c98f2bcb392

Слични содржини