Последно истражување излезе со многу добри вести за Хилари Клинтон!

од Vladimir Zorba

Кандидатите за претседател на САД добива сé поголем процент и  од независните гласачи

 1468339463-sandrs-i-khilari
Хилари Клинтон овојпат  заработува поголем процент од независните гласачи, покажува последното истражување на Универзитетот “Куинипак”. Според податоците претставникот на демократите за моментов води со 5% пред противник Доналд Трамп – 45% наспроти 40%. Останатите 15% се распределуваат меѓу другите два кандидати во претседателската трка – Гери Џонсон и Џил Штајн, соопшти БГНЕС.Базирани на мислењата на 1054 гласачи низ целата земја, анкетата ја зголеми предноста на Клинтон во споредба со еден месец порано. Во моментов 46% од независните гласачи се подготвени да ја изберат Хилари за следниот американски претседател и само 32% – Трамп. Само пред еден месец односот меѓу двајцата беше 42% до 35%.

Резултатите од истражувањето покажуваат уште раст од 4% на вкупниот број симпатизери на поранешниот државен секретар на САД во споредба со преодниот месец. “По дебатата Хилари Клинтон ги покрива сите барања за победа”, коментира во соопштението помошник-шефот на истражувачкиот тим Тим Мелоун. “Со жените и обоени цврсто зад нејзиниот грб, а сега и со независните гласачи на нејзина страна, Доналд Трамп треба да се чувствува загрижен”, коментира тој.

По поразот во првата  дебата Трамп однесе бројни критики за недостатокот на подготовка за дебатата, вклучувајќи и од Обама. Тогаш претседателот изјави дека според него Трамп “не поседува ниту подготовката, ниту темперамент ниту основните вредности” кои “би биле решение за земјата”. Слични коментари сепак очигледно не го срамат кандидатот на републиканците.

Во четврток во Њу Хемпшир тој дури изјави дека “подготовката за дебати е непотребна”, потсетува АФП. Помеѓу Трамп и Клинтон ќе има уште две дебати кои би го промениле ставот на американските гласачи. Првата од нив, ќе се одржи оваа недела, на 9 октомври во Сент Луис, а втората – на 19-ти во Лас Вегас.

Слични содржини