Посна проја

од Vladimir Zorba

Во периодов кога се актуелни Велигденските пости Ви предлагаме еден рецепт за посна проја.


Потребно Ви е:
-3 чаши бело брашно
– 2 чаши шченкарно брашно
-1 чаша зејтин
– 2 , 5 чаши кисела вода
-1,5 прашак за печиво
-1 лажиче сол
-300 грама сечкан зеленчук (спанаќ, блитва, праз или штавел)
Може во тестото да додадете и сечкани маслинки и некој семиња (семки од тиква, сончоглед, лен, сусам или некое друго семе което го користите).
Се убаво измешајте и ставете во подмачкано пчехче да се пече околу 40 минути на 180- 200 степени.

Слични содржини