Осомничените  се од над 100 земји20160224.jkbykedzbz

Криминалните организации кои се занимаваат со шверц на луѓе , имаат освоено минатата година над 6 милијарди евра. Приходот им е најмногу од пренесувањето  на бегалци во Европа, објави во извештај полициската агенција на ЕУ Европол, цитирана од агенциите.

Трафикот  е најбрзо растечки криминален бизнис на пазарот во Европа, се вели во извештајот.“Профитот од 6 милијарди евра ќе се удвои или триплира , ако обемот на сегашната имиграциски криза се зачува оваа година”, се наведува во извештајот. Од 2015 година Европол и полициските сили во европски и други земји се идентификувале над 12 000 осомничени членови на банди кои се вклучени во нелегалниоттрансфер на мигранти. Европол има информации за речиси 40 000 лица осомничени за вмешаност во трговија со бегалци. Осомничените од над 100 земји, главно од Бугарија, Египет, Унгарија, Ирак, Косово, Пакистан, Полска, Романија, Србија, Сирија, Тунис и Турција, соопштува Франс прес.

Посредници вршат широк спектар на криминални дела, вклучувајќи водење на фалсификувани документи и поткуп на функционери, се додава во извештајот. Според Европол нема многу докази дека осомничените за тероризам лица ги  користат масовно мрежите за трафик на бегалци, за да стигнат во Европа. “Многу под 0,01 проценти од осомничените за тероризам се мигранти”, појасни на прес-конференција директорот на Европол, Роб Вајнрајт.

Слични содржини