Постигнат договор ! Илија Димовски претседател на комисијата за избори и именување

од Vladimir Zorba

Пленарна седница  на Собранието на РМ најверојатно во понеделник

По три дена преговори за Комисијата за избори и именувања договорено е претседателското место да го добие  ВМРО-ДПМНЕ, а на чело на Комисијата да биде Илија Димовски. Тој изјави дека ова е потврда дека тие се губитници на овие избори.

Оливер Спасовски вели прифативме за да се откочат процесите и да не бидеме сите  заложници на граѓаните на политичките партии се со цел да го ставиме во функција парламентот.

Со ова се отвора можноста конститутивната собраниска седница да продолжи во понеделник, кога треба да се избере собранискиот спикер.

Комисијата брои 13 членови а во неа ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест членови, СДСМ 5, и по еден од ДУИ и Беса.

Слични содржини