Лидерот на грчката опозициска партија „Потами“, Ставрос Теодоракис го повика премиерот Алексис Ципрас да го откаже референдумот на 5 јули и да „запре со уништувањето“, јави дописникот на МИА од Атина.

potami02-540x320

– Ние нема да станеме питачи на Балканот. „Да“ за Европа ќе победи, рече Теодоракис, додавајќи дека младите луѓе „кои не сакаат Грција да се претвори во Северна Кореја“ ќе бидат во „првите линии на фронтот“.

– Го повикуваме Ципрас да најде храброст да му ја каже вистината на грчкиот народ. Да го остави опортунизмот на страна. Да го повлече референдумот и да склучи договор со ЕУ, рече Теодоракис./МИА

Слични содржини