Тодоров го стави потписот врз тендерот за Клинички и избега

од desk3

Во свечената владина сала, со музика на Штраус,  во друштво на премиерот Емил Димитриев и лидерот на ВМРO-ДПМНЕ Никола Грувески, министерот за здравство Никола Тодоров потпиша договор за изградба на новиот Клинички центар.
Инвестицијата е над   72 милиони евра, иако се најавуваше дека ќе чини помалку. Проектот иакоп ВМРО-ДПМНЕ го најавуваше со години, не го реализираше. Сега паралелно со формирањето на нова Влада, Тодоров го турка проектот кој зад себе има серија на контроверзии од самото распишување се до потпишувањето. Тодоров стави потпис – но веднаш избега од камерите.
Од камерите избегаа и изведувачите. Не одговорија за серијата спорни моменти што се отвораат од овој тендер.
Новиот објект ќе го гради конозрциумот предводен од италијанската компанија Инсо системи, за која телевизија 24 обелодени документи дека има негативен бонитет, што е спротивно на тендерските критеруми.
Но и покрај негативната финансиска кондиција, италијанската Инсо заедно  домашните фирми „Гранит“ и „Бетон“ ќе го градат новиот клинички. Инаку проектот се реализира со кредит од Банка на Советот на Европа кои од седиштето за телевизија 24 претходно посочија дека имаат испратено преставник кој го мониторира процесот и дека будно го следат спроведувањето.

Слични содржини