Потребни се нови истраги за недоречените случаи – Младенов, Крпач, Смилковско

од Vladimir Zorba
 Сметам дека постојат простори за продлабочување на одредени анализи и отворање на прашања кои можеби овој период не успеавме да ги отвориме или не можевме да ги видиме, вели во интервју за Нова ТВ проф.др. Алексеј Дума, долгогодишен директор на Институтот за судска медицина, одговарајќи на прашање дали треба да се отворат нови истраги за случајот на смртта на Никола Младенов, на Коста Крпач, Смилковско езеро и други.

„ Тоа се многу осетливи работи, со многу стапици, предмети со многу недоречености, многу невидени, затворени или отворени прашања, многу несогледани аспекти и потреба за понатамошни анализи. И тоа треба да е предмет на сериозна професионална работа – рече Дума за Нова ТВ.

Слични содржини