Повеќе 50 загинати при напад на Боко Харам врз истражувачи на нафта

од Vladimir Zorba

– Повеќе од 50 луѓе се убиени во напад извршен од исламистичката организација Боко Харам врз екипа истражувачи на нафта во североисточниот дел на Нигерија во текот на оваа недела, соопштија извори од воени, медицински и хуманитарни служби.

– Бројот на загинатите и понатаму се зголемува. Сега се повеќе од 50, но се уште пристигнуваат тела на убиените, изјави воен извор.

Најмалку 20.000 луѓе загинале, а неколку илјади се киднапирани откако Боко Харам почна со напади во 2009 година.

Слични содржини