116
Во речиси 30 згради кои се наоѓаат во Москва и три руски региони – Московска област, Ростовска обласи и Јамал, беа добиени анонимни дојави за поставени бомби, поради што над 20.000 лица се евакуирани.
– Добивме закани за бомби во 27 згради – десет административни канцеларии, 14 трговски центри, два ресторани и едно училиште, наведе извор од руската полиција, јави ТАСС. Се уште трае истрагата во објектите.
Претходната недела во Москва беа евакуирани повеќе од 50.000 луѓе, поради исти, симултани закани за бомби.
Евакуирани седум училишта во Русија поради дојави за подматнати бомби
(ВИДЕО) Паника во бизнис центар во Москва, стотици евакуирани