Повеќе од 4400 Турци побараа политички азил во Германија

од desk3
Властите во Гeрманија добиле 4408 барања за азил од Турци во периодот  од јануари до август годинава, што е за 55,4% повеќе во однос на истиот период минатата година. Потоа, 2836 турски државјани поднеле барања за статус во Германија, спо
ред официјалните бројки од Федералната канцеларија за миграции и бегалци.

Од 249 турски државјани со дипломатски пасоши, 80% го добиле бараниот статус до средината на септември или 196 луѓе. Во април институцијата рече дека најмалку 262-ца турски дипломати и војници аплицирале за азил од неуспешниот пуч на 15 јули минатата година, по кој властите во Анкара уапсија десетици илјади и отпуштен над 100 000 војници, државни службеници и претставници на приватниот сектор. Од почетокот на 2017 година, помалку од една четвртина од турски баратели на азил добиле заштита од Германија. Ова е значително зголемување во споредба со 8,2 отсто минатата година.

Во меѓувреме стана јасно дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го повлекла предлогот поднесен во Конгресот за решавање на продажбата на оружје на обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на вредност 1,2 милиони долари, објавија медиумите во САД. Претходно оваа година од Белата куќа изјавија дека планираат да му дозволат на производителот на  оружје од државата Њу Хемпшир “Зиг Зауер” да и продаде стотици пушки и муниција на Анкара. Компанијата сакаше американските власти да дозволат извоз на оружје надвор од земјата. Белата куќа го повлече предлогот малку пред конечното одобрување на трансакцијата. Оружјето требаше да биде продадено во Турција и да се користат за потребите на силите за безбедност за заштита на Ердоган. Американските пратеници почнаа да се противат на договорот по средината на мај оваа година кога пред домот на турскиот амбасадор во Вашингтон, имаше судир меѓу обезбедувањето на Ердоган и неговите противници.

Слични содржини