Повеќе од 50 жртви на офанзива на Исламска држава во Сирија

од Vladimir Zorba

Повеќе од 50 лица биле убиени денеска во напад на т.н. Исламска држава во две села под контрола на владата во провинцијата Хама во Сирија, а некои од нив се егзекутирани откако биле заробени, извести Сириската опсерваторија за човекови права (СОЧП).

Милитантите на Исламска држава (ИД) ги нападнале селата Акареб и Ал Мабуџе, близу стратешки важниот автопат помеѓу градот Хама и Алепо. Според СОЧП, најмалку 15 од жртвите се цивили, а убиени се и најмалку 27 војници или припадници на милиции лојални на власта на Башар ал Асад.

Сега ИД целосно го контролира Акареб, а сириската влада испраќа воено засилување во реонот.

Контрола врз територии на провинцијата Хама имаат владините сили, бунтовниците и  ИД. Милитантите го имаат под контрола главно источниот дел на провинцијата.

Слични содржини