Во повеќе инциденти во изминатото деноноќие ограбени се повеќе лица на кои им се украдени пари, часовници или мобилни телефони.

Во средата, во 4.30 часот вработен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ пријавил дека за укажување лeкарска помош бил донесен Б.Б.(25), кој на улица „Кемал Сејфула“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, при што одземени му се пари и мобилен телефон.

Истиот ден, во 20.30 часот А.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 18 часот додека се движел од булевар „Партизански Одреди“ кон улица „Каирска“, од страна на две непознати лица му е извршено разбојништво. Имено, сторителите со закана со нож, му побарале пари, а од кога им одговорил дека нема, му го одзеле часовникот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 15.000 денари и го напуштиле местото на настанот.

Во четвртокот во 4,30 часот А.И.(21) пријавил дека истиот ден околу 2,40 часот на ул.“Димитрија Чуповски“ во угостителски објект бил физички нападнат од страна на четири непознати лица. Според пријавителот, прво едно од лицата го турнало на земја и го удрило, а потоа откако бил на подот сите четворица започнале да го удираат со клоци и тупаници во пределот на целото тело. Притоа нанесени му се видливи повреди во вид на црвенило и оток на главата заради што му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ а од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во средата, во 19,45 часот З.С.(44) пријавил дека на 21.11.2017 година околу 20,30 часот на ул “Лука Геров“ од страна на неколку непознати лица било извршено разбојништво над неговата 17 годишна ќерка. Имено додека малолетничката се движела кон автобуската постојка била престретната од лицата при што едно од нив извадило нож и со закана и го одзел мобилен телефон по што го напуштиле местото на настанот. Се превзамаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини