Toчно 617 бегалци од Авганистан веќе трет ден се заглавени на граничната линија меѓу Македонија и Србија, во транзитниот центар Табановце. Оваа ситуација настана откако Србија и Хрватска решија да не ги пропуштаат бегалците од оваа азиска држава, иако досега им дозволуваа да транзитираат заедно со бегалците од Сирија и од Ирак, пишува Призма.

27407golema-670x376

Никаде нема изјава зошто официјални Белград и Загреб донеле вакви одлуки. Српските власти вратиле околу 350 мигранти, дел се вратени од Хрватска додека цело време пристигнуваат нови бегалци меѓу кои има и луѓе од Авганистан. Од заглавените Авганистанци повеќето се семејства и меѓу нив има околу стотина деца.

Транзитниот центар е преполн, хумантираните организации делат храна и облека. Неизвесно е што ќе прават македонските власти со Авганистанците и голема е веројатноста дека ќе ги вратат во Грција, бидејќи во Табановце нема капацитет за толку бегалци.

Слични содржини