Повлекување: Терористи без оружје почнаа да го напуштаат источниот дел на Алепо

од Vladimir Zorba

За џихадисти се отворени шест слободни коридори , за населението се два

alneepo
Терористи без оружје и мирни жители почнаа да ги напуштаат источните региони на Алепо, пренесе државната сириска агенција SANA. Дамаск пред тоа соопшти дека  ги изведува своите војници од патот за евакуација од источните квартови каде терористите беа опколени.
Од рускиот Генералштаб најавија дека од 8 до 16 часа на 20 октомври во Алепо ќе биде воведен “хуманитарна пауза”. Во вторникот наутро руската и сириската авијација  ги прекинаа ударите во реонот на Алепо.

Ќе бидат отворени  два коридора за пропуштање на џихадисти и шест за мирните жители.

(ВИДЕО) ЛИДЕРИТЕ НА ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА БЕГААТ ОД МОСУЛ

Офанзивата оди  и  “се развива според планот”, потврди и  началникот на Централната команда на вооружените сили на САД генерал Џозеф Воутил

avio-bomb

Раководството на Исламската држава и дел од нејзините борците  изгледа  го напуштаат Мосул , бегаат од напредувањето на  ирачките сили кон градот, изјави командантот на копнените операции на меѓународната коалиција на САД против џихад групите  генерал Гери Волески, цитиран од ДПА. Денес борците на Исламска држава се помалку од вчера и утре ќе станат уште помалку “, рече Волески.

Тој изјави дека Исламската држава спроведува главно операции за купување  на време и најверојатно ќе отстапува  од земјиштето , за да може да се зацврсти во урбанизираните области на Мосул, каде што ќе може да  ја компензира технолошката предност на коалицијата.

“Доста од селата, при влегувањето во нив на ирачките сили за безбедност, им помагаа на Ирачаните. Имаше некои села, каде што луѓето излегуваа и покажуваа каде е Исламска држава, што беше навистина охрабрувачки за ирачките сили за безбедност”, рече тој.
Волески истакна дека операцијата напредува побрзо од очекуваното, пренесе ДПА.

 

Меѓу 5000 и 6000 бегалци од ирачкиот град влегле во Сирија во изминатите денови, соопшти претставник на локалните курдски власти, пренесува Ројтерс.

Уште 3.000 луѓе чекаат да ја преминат границата.

Во понеделникот, ден пред почетокот на операцијата, ОН предупреди дека до 100 000 Ирачани може да избегаат од Мосул во Сирија и Турција.

Слични содржини