Повредени се 20-тина лица во сообраќајката на автопатот Скопје – Велес

од desk2

Автобус со грчки таблички вечерва излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје – Велес. Во тек е излекување на повредените патници. Според првичните информации повредени се околу 20 лица.

„Околу 19 часот на автопатот Скопје – Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, автобус со грчки национални ознаки изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На место на настанот присутни се екипи на брза помош и полициски возила. Се работи на извлекување на повредени“, соопштија од МВР.

Според првични сознанија околу 20 лица се повредени, од кои кај на Скопските клиники се примени шестмина. Од повредените, едно лице е потешко повредено и има контузија на градниот кош и на стомакот. Во Болницата во Велес се примени осум лица од кои едно дете, но засега не соопштуваат повеќе детали. Поради сообраќајната незгода сообраќајот на автопатот се одвива отежнато по една коловозна лента.

Слични содржини