Повторно блокирна забраната на Трамп за влегување во САД

од desk2

Американски сојузен судија на Хаваи ја блокира последната верзија на забраната за влез во земјата само неколку часа пред да стапи во сила оваа мерка на претседателот Доналд Трамп.

Окружниот судија Дерек Ватсон го одобри барањето на сојузната држава Хаваи привремено да ја блокира владата во Вашингтон од спроведувањето на забраната.

Таа требаше да стапи во сила на полноќ по американско време. Според новата верзија, опфатени се граѓаните на Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија и Јемен, како и некои владини претставници на Венецуела.

Слични содржини