Повторно протест пред Влада утре поради загадениот воздух

од desk2

Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи утре напладне пред Владата на Република Македонија. Зад протестот стојат граѓани организирани преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, пишуваат организаторите во најавата за настанот на Фејсбук.

Засега бројот на пријавените е околу 250, па можно е да помине како претходниот протест кога се појавија само стотина луѓе иако своето учество го најавија неколку илјади, или како на последниот организиран пред околу две седмици, кој беше откажан пред да се одржи./Meta

Слични содржини