Пожар на разминирано подрачје во Хрватска, сепак одекнаа 34 експлозии

од desk2

Пожарот кој во среда навечер премина од црна Гора во Хрватска на ридот Бјелотина, синоќа се приближил на 500 метри од селото Горни Пичети, а од полноќ до осум часот наутро одекнале 34 експлозии од заостанати мини, рече во недела наутро наредникот на Јавната противпожарна служба на Конавле, Марио Магуд.


„Се обидуваме да му пристапиме колку можеме, но синоќа од полноќ до 8 часот наутро одекнаа 34 експлозии на предел кој е наводно разминиран, односно не е мински сомнително подрачје. Пожарот е на некои 500 метри од селото Горни Пичети, но куќите не се загрозени. Постои една тампон зона, односно пат на кој се сместени пожарникари. Ние нема да дозволиме пожарот да се префрли.Во текот на денот очекуваме помош од авиони“, вели Магуд.

Додаде дека активна линија на пожарот во моментот е еден километар, а изгореле повеќе од 300 хектари растенија.
На терен се 15 пожарникари о четири возила.

На територија на Хрватска, особено Далмација последните неколку недели има бројни пожари кои се закануваа и на поголемите крајбрежни градови. Пожари имаше и во Црна Гора, Босна и Херцеговина како и Албанија.

Слични содржини