Пожар во хотел во Суботица

од desk2

Во хотел во центарот на Суботица денеска попладне изби пожар, но засега нема информации жртви или повредени лица.

На местото на инцидентот пристигнале пет противпожарни возила за да го изгаснат огнот, кој го зафатил последниот кат и покривот на хотелот „Глорија“.

Пожарникарите се соочуваат со проблем при гаснењето на пожарот, бидејќи објектот се наоѓа во центарот на градот и пристапот е отежнат поради бетонски жардиниери.

Слични содржини