Пожар во угостителски објект во Кичево

од Vladimir Zorba

Пожар избувна денеска на пладне во подрумскиот дел на угостителски објект во центарот на Кичево, лоциран на улицата „Амит Челопечанец“.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица – Кичево, нивна екипа со брза интервенција го локализирала пожарот и спречила да се прошири на соседните објекти. Во пожарот никој не е повреден и само е причинета материјална штета.

Според очевидци, огнот избувнал од оџакот на објектот и ги зафатил теписите и други предмети во близина по што се проширил на целиот подрумски дел./а1он

Слични содржини