Пожарникарите во Грција успеаја да ги стават под контрола двата големи шумски пожари во Атина и на Пелопонез, но се стравува од избивање на нови пожари.

На сателитската снимка од Грција, која ја објави Европската комисија, можат да се видат двата пожари._84353306_971c8f65-d517-4b02-9731-c58852cea377

Грчката полиција претходно соопшти дека во текот на денот во Атина уапсени се две лица, едниот Грк, а другиот бугарски државјанин, под сомнение дека случајно предизвикале шумски пожар, кој се прошири кон североисточните предградија на главниот град на Грција.

Двајцата мажи на возраст од 67 односно 58 години ќе бидат изведени пред суд под сомнение дека случајно предизвикале пожар.

Пожарот што завчера избувна во североисточното предградие на Атина, Кареас, во подножјето на планината Имитос, брзо се прошири и се закануваше дека ќе зафати уште две населби. Огнот утрово е ставен под контрола.

Другиот пожар на островор Пелопонез, во близина на пристаништето Неаполи, уништи неколку куќи и голема површина обработливо земјиште.

Вчера ширум Грција регистрирани се околу 80 пожари, а денеска има пожар на островот Скирос.

Грчките власти вчера побараа помош во борбата со пожарите од земјите-членки на Европската унија.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казњов денеска изјави дека Париз одговорил на апелите на Атина и оти за Грција се испратени два канадери и еден авион за извидување.

 

Слични содржини