Пожарот однесе стотина животи – министерката на полицијата поднесе оставка

од desk2

Министерската за внатрешни работи на Португалија, Констанса Урбано де Суоса поднесе оставка откако во пожарите во таа земја загинаа повеќе од 100 луѓе.

Урбано де Суоса во оставката наведе дека откако пожарите ја погодија Португалија последните денови „сметала дека не постојат политички и лични услови за продолжување на извршување на должноста“, пренесе Reuters.

Бројот на луѓе кои од неделата наваму загинаа во пожарите вчера порасна на 41, додека 71 лице се повредени, соопштија властите, предупредувајќи дека тој број веројатно ќе расте.

„Бројот на загинати од 37 порасна на 41“, изјави денеска за AFP портпаролката на Агенцијата за цивилна заштита Патрисија Гаспар. Според неа, 16 меѓу повредните се во многу тешка состојба.

Во Португалија денеска почна тридневна жалост по повод загинатите во огнената стихија, додека јавноста е гневна, а опозицијата ја притиска владата да објасни зошто надлежните на ја спречиле најновата трагедија само четири месеци откако загинаа 64 луѓе во претходните пожари.

Дождот и ниските температури помогнаа денеска пожарникарите полесно да се справуваат со пожарите и да ги стават под контрола во Португалија и во Шпанија. Во пожарите во соседна Шпанија загинаа четворица.

Португалските власти соопштија дека речиси сите големи пожари се изгасени до утрово, а околу 2.700 пожарникари се распределени за да спречат повторно разгорување на огнот во шумите.

Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти дека меѓу настраданите во шумските пожари и едномесечно бебе, пронајдено околу 200 километри северно од Лисабон, а телата на нејзините родители се пронајдени во близина.

Службите за вонредни ситуации забележале во неделата 523 шумски пожари, што е најголем број пожари во еден ден оваа година и најголем за еден ден во последните 10 години.

Премиерот на Португалија Антонио Кошта прогласи вонредна состојба.

Слични содржини