Пожарот во Кондово ставен под контрола

од Vladimir Zorba

Пожарот кој вчеравечер го зафати просторот во близина на селото Кондово во Општина Сарај е ставен под контрола. Куќите во село Кондово се надвор од опасност да бидат зафатени од огнот, информираат од Градот Скопје.

Екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот.

Како што соопштија од Град Скопје, во текот на ноќта на терен биле излезени повеќе од 40 пожарникари и возила од Противпожарната бригада на Скопје, како и голем број луѓе и механизација од јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Околу селото веднаш е направен заштитен појас за да се спречи ширењето на огнот.

Слични содржини