Пожарот во Македонски Брод го подметнала брачна двојка

од Vladimir Zorba

 Полицијата осомничи брачна двојка дека подметнале шумски пожар во околината на Македонски Брод со палење на сопствената плевна. Според пријавата на МВР двајца жители на Македонски Брод, брачна двојка на возраст од 48 и 49 години на 4-ти август околу пладне фрлиле отпушок од цигара во сено, во сопствената плевна. Полицијата поднела кривични пријави за две кривични дела и се сомнева дека од фрлената цигара започнал пожар во дворното место на куќата на осомничените сопружници.

„Пожар што подоцна се проширил, при што биле опожарени две напуштени куќи, сандаци со пчели, но бил предизвикан и шумски пожар и била опожарена значителна површина со борова шума“, се наведува во соопштението од МВР.

 Покрај тоа откриени се уште три лица кои полицијата ги сомничи за подметнување или за предизвикување пожар. За 36-годишен жител на селото Косово од Македонски Брод, полицијата поднела посебен извештај за кривично дело предизвикување шумски пожар. Го товарат дека е одговорен за пожарот кој на 25-ти јули избувнал во ловечки дом и потоа се проширил над селото Требовље. Токму најголемиот пожар кој едвај со помош на дождот е изгаснат беше во регионот на Требовље. Уште на први август тогашниот директор на Заштита и спасување Шабан Салиу алармираше дека најголем дел од пожарите се подметнати од луѓе и дека полиција треба да ги открие. Двајца жители на селата Долно Зркле и Заград исто така се осомничени за предизвикување на отворени пожари кај двете села, но од МВР им поднела прекршочни пријави на двајцата кои се на возраст од 61 и 82 години.

извор: телма

Слични содржини