Позитивна посета во добра клима и чекор напред за подобрување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција

од Vladimir Zorba

kocijas_poposki_sredba_skopje

Позитивна посета во добра клима и чекор напред за подобрување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција се оценките во Грција за вчерашните средби на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас со македонскиот државен врв и неговиот говор пред Амбасадорскиот совет, информира Телма.

Посетата на Коѕиас ден потоа се гледа оптимистички како можност двете страни полека да го стопат мразот кој постоеше во досегашната меѓусебна комуникација.

Посетата на Коѕиас на Скопје сепак се најде ниско на агендата на грчките медиуми и во сенка на дневните домашни настани.
„Поблиска соработка договорија Коѕиас и Попоски“, „Чекори за приближување, но ни збор за името“, „Коѕиас: Прво срушете го иредентизмот, па потоа ќе влезете во ЕУ“ се дел од насловите во грчките медиуми за посетата на Коѕиас, кои главно ги пренесуваат изјавите на Попоски и Коѕиас без некаква дополнителна анализа.

Аналитичарот и новинар на „Катимерини“ Ставрос Ѕимас за Телма вели дека дека зачестените средби меѓу македонските и грчките политичари се охрабрувачки. Иако во моментов не се гледа суштински напредок и приближување на ставовите во однос на решавање на спорот за името, проценките се дека фокусот на градење доверба и спроведување практични мерки кои ќе ја подобрат климата меѓу народите може да помогнат долгорочно да се подготват народите за прифаќање компромисно решение за името.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини