Познати кандидатите за најдобар фудбалер на светот

од desk2

ФИФА ги соопшти имињата на кандидатите за најдобар фудбалер на годината. Во конкуренција за освојување на “Златната топка“ се 24 имиња. Листата ја предводат главните ѕвезди на Примера, Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои и годинава се главни претенденти за ова признание.

Покрај нив се уште и : Дани Карвахаљ, Лука Модриќ, Марсело, Серхио Рамос, Тони Крос, Кејлор Навас, Андрес Иниеста, Луис Суазрез, Мануел Ноер, Артуро Видал, Роберт Левандовски, Џанлуиџи Буфон, Паоло Дибала, Еден Азар, Нголо Канте, Нејмар, Пјер Емерик Обамејанг, Алексис Санчез, Леонардо Бонучи, Хари Кејн, Антоан Гризман и Златан Ибрахимовиќ.

Гласањето започнува во понеделник на 21.август и во него учествуваат капитените и селекторите на сите национални тимови и стручно новинарско жири.

Оваа листа инаку ќе биде на крајот од гоидната скратена на три имиња, а признанијата за најдобрите ќе бидат доделени на гала церемонија во Цирих./Спорт клуб

Слични содржини