Пратеници го напуштаат ВМРО-ДПМНЕ – расте опозиционата десница !

од Vladimir Zorba

Најмалку двајца пратеници и една пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ незадоволни од партиското раководство решиле да ја напуштат партијата, неофицијално објави  Плусинфо. Според неофицијалните информации, тие веќе разговарале со партиите од десниот блок каде планираат да преминат. Се очекува деновиве ова да биде официјализирано и да бидат објавени имињата на пратениците.

Од ВМРО-ДПМНЕ јавно почна да се дистанцира пратеникот од дијаспората Васко Наумовски, кој упати и отворено писмо до јавноста.

„Од водењето на ваквата политика, незадоволството е се поголемо… Затоа, мои колеги е создадено и ФРОДЕМ, зарем ќе останеме слепи и глуви, зарем незадоволството на народот ќе го скриеме под тепих и после тоа ќе бидеме изненадени. Затоа, колеги мои, сите западноевропски земји ви порачуваат дека: Целосната власт, целосно корумпира“, напиша Наумовски.

Неофицијално ВМРО-ДПМНЕ има проблеми и со составување на пратеничките листи, бидејќи најмалку тројца личности од партиската елита одбивале да бидат ставени на добитни пратенички места.

Во медиумите се појави информација дека Антонио Милошоски нема да се кандидира на претстојните избори.

– Сите и стојат на располагање на партијата, но јас побарав да не бидам на листа – наводно изјавил Милошоски на вчерашната прес конференција во Битола, објавија некои медиуми.

Денеска, пак, од него стаса друга изјава, во која не кажува јасно дека ќе биде на пратеничките листи.

– Ќе бидам дел од политичката трка. Секоја друга професија која што би можел да ја работам како професор, нотар или научен соработник, ќе биде во мирување сѐ додека имам поддршка од граѓаните и од партијата да извршувам обврски во интерес на државата – изјави Милошоски за МКД.мк

Последна информација во прелетите на пратениците и функционери од власта е дека има се поголема паника  во власта и оти сите тие  гледаат добра отстапница   во блокот на опозиционата десница предводена од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов . До вмровците   неодамна им се обратија и основачите  на ВМРО дека се дистанцираат од оваа ВМРО ДПМНЕ и Груевски , а денеска ги повика и нивниот сопартиец а сега дел од овој блок на ДС , Јове Кекеновски, отворено ги повикал слободно да пристапуваат кон овој трет блок  и коалиција  за сите оние кои сакаат да се дистанцираат од политиката на Никола Груевски и вакво ВМРО ДПМНЕ.

Сепак тој нагласи : „ ФРОДЕМ е со отворена врата за оние кои ги почитуваат и кои се придржуваат до нашите принципи, со исклучок на тие што се замешани во криминални дејанија. ФРОДЕМ нема да биде гума за спасување“, категоричен е Кекеновски.

Новиот  опозиционен т. н трет блок ќе биде промовиран до крајот на идната недела, а во него на чело е Трајанов со Демократскиот сојуз, заедно со Љубе Бошковски со неговите Обединети, Љубчо Георгиевски со ВМРО НП, Стојанче Ангелов со Достоинство, Јове Кекеновски со Фродем,  Демос и МОРО -Работничка партија.

Слични содржини