Кривичен совет составен од тројца судии од организиран криминал одлучува дали ќе ги прифати жалбите на Специјалното обвинителство и  ќе одреди притвор за екс министрите Јанкулоска, Јанакиески, владиниот секретар Божиновски, четворица поранешни членови на ДИК, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и Исмет Гури од општинската изборна комисија во Чаир.
sjo
Најдоцна до утре одлуката треба да биде соопштена, а додека се чека одлуката дел од правните експерти реагираат дека Судот постапува спротивно на Законот за кривична постапка и прави преседан па наместо да одлучува за секоја жалба поединечно одлучува наеднаш за решенија донесени во различни денови, објави 24 вести
 – Како ќе одлучеше судот и дали ќе чекаше ако за некој беше одлучена мерката притвор? Значи факт е дека прави преседан, не дека е на штета на некој, но воспоставува лоша судска пракса, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ, за телевизијата.
2C2C48CEB5CFE647B28495E3F9CC4979
Најмногу замерки на адреса на скопска единица пристигнаа откако одби да им одреди притвор на осомничените во Титаник и покрај силните аргументи на Специјалното обвинителство дека бара да бидат лишени од слобода бидејќи може да влијаат на сведоците и постапката.
Дел од правниците сметаат и велат дека прекршувања и опструкции од страна на одредени судии во Кривичен ќе бидат надминати ако таму се формира специјално одделение или паралелен специјален суд, но за разлика од нив, претседателот на Советот за јавни обвинители смета дека е неуставно и незаконски таква паралелна институција, пренесе 24 вести.

Слични содржини