Православните и католичките верници го слават Велигден

од Vladimir Zorba

Православните и католичките верници ширум светот денеска го одбележуваат Велигден. Во Москва, патријархот Кирил одржа литургија во храмот на Христос спасителот, а на неа присуствуваа и претседателот и премиерот на Русија, Владимир Путин и Дмитриј Медведев.

На синоќешната свеченост во Базиликата Свети Петар, папата Франциско им се обрати на верниците со порака дека не треба да се игнорираат маките на имигрантите, сиромашните и другите ранливи групи луѓе.

„Ако можете некому да му помогнете, сторете го тоа. Тоа е љубов. Радоста најдобро се гледа во малите нешта. Со преземање на еден мал чекор, ние ја повикуваме милоста на бога во овие тешки моменти“, рече папата Франциско.

Под згоголеми мерки на безбедност велигденска миса оддржаа и Коптите во Египет, а пред да влезат во храмовите, верниците мораа да поминат низ детектор за метал.

„На сите јавни места сега има полиција облечена во цивилна облека. Безбедносните сили се распоредени насекаде за да можат веднаш да реагираат во случај на несреќа“, Мухамед Хашем, новинар.

Ваквата одлука на египетските власти следува по двата бомбашки напади изминатава недела кога загинаа 45 лица, а стотина беа повредени./24вести

Слични содржини