Пред да дојде Прибе ќе се оценува уставноста на законот за следење елктронски комуникации

од Vladimir Zorba

Уставниот суд две години по документот на Прибе и една недела пред повтоното доаѓањето на Прибе одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на делот од законот за електронски комуникации кој регулира следење на комуникации.

Станува збор за членот 175 кој ги регулира техничките карактеристики за следење на комуникации, односно обврските на телекомуникациските опеаратори како да обезбедат услови за УБК да ги следи комуницаиите согласно законските и уставните одредби.

Иницијативата за испитување на уставноста уште во 2015-та додека СДСМ ги објавуваше т.н. бомби, потоа спорниот член беше ставен и во документот на Прибе во јуни 2015-та како можност за злоупотреба на прислушувањето.

Но, до ден денеска траеше постапка која заврши со надгласување на уставните судии и одлука да се почне постапка за оценка на уставноста. 5 уставни судии сметале дека во членот 175 нема исклучително прецизна правна рамка за заштита на приватноста на граѓаните која е нивно загарантирано уставно право.

Поради немањето правна рамка во оспорениот законски член постоеле сомнежи за злоупотреба на прислушувањето. Останатите 4-ца уставни судии гласале против покренување постапка, а меѓу тие кои сметале дека нема опасност оспорениот член да произведе злоупотреби со прислушувањето бил и претседателот на Уставниот Суд, Никола Ивановски.

Одлуката со мнозинство гласови е донесена, а решението првин ќе биде изготвено, па пратено во Собранието. Доколку во паралемнтот нема промени на спорниот член во рок од 30 дена.

Уставниот суд ќе одлучува дали ќе го поништи, укине или прогласи за уставен членот 175. Слична одредба во законот за електронски комуникации имало и во верзијата на законот од 2010-та година, но тогаш по иницијатива на две невладини организации и еден граѓанин, спорните одредби се укинати затоа што Уставниот суд сметал дека може да има злоупотреба со следењето на комуникациите од страна на УБК.

И покрај овој став на Уставниот суд, две години подоцна е изгласан членот 175 во законот за електронски комуникации, кој ги обврза операторите да обезбедат директна врска (интерфејс) на УБК со комуникациите на сопствените потрошувачи. На почетокот на 2015-та преку случајот Пуч и бомбите на СДСМ беа обелоденети злоупотребите на прислушувањето, а досега никој не одговараше за тоа./извор Телма

Слични содржини