До Скопското јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното обвинителство на Катица Јанева и против неколку непознати, за кривично дело малтретирање во вршење на службата, казниво според член 143 од Кривичниот закон.лисици и суд

Кривична пријава е поднесена во Обвинителството за организиран криминал и  против полицаец заради незаконско влијание врз сведоци. Истите  се предадени кај обвинителите кои по истрагата треба да одлучат дали ќе ги процесуираат овие случаи.

Од Обвинителството не го откриваат идентитетот на подносителот на пријавите, само велат дека станува збор за физичко лице. Неофицијално подносителот на пријавата бил малтретиран од непознати кои му се претставувале како истражители во Специјалното обвинителство, но и му се заканувале.

Утре  пред Советот на обвинители  специјалната обвинителка Катица Јанева треба да даде „отчет за работењето“, за тргањето двајца обвинители од СЈО кои таа му ги врати на обвинителството , како и за тоа   како ги примила  материјалите од прислушуваните разговори кои и ги предаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Специјалната обвинителка го демантира “Курир” и најавува тужби за медиумите кои ја клеветат

Од медиумите ова рано преслушување на Јанева од Советот на Обвинители , беше оценето како притисок врз нејзиното работење , кое оди во пакет со медиумската хајка која провладините медиуми ја водат против неа,  и се тоа како страв од она што во првата половина на февруари како обвиненија ќе го објави СЈО.

 

Слични содржини