Пред очите на јавноста: Со 4 или 5 куршуми застрелан во глава фудбалерот

од desk4

Пред очите на јавноста вчера во населбата Аеродром во Скопје беше застрелан фудбалерот Мартин Јанушев. Тој бил донесен на клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје без знаци на живот. Медицинските лица 40-минутните се обидувале да го реанимираат, но обидите завршиле без успех, по што лекарите констатирале смрт, информираа од Министерството за здравство.

Очевидци велат дека тој бил погоден со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот.

Оружениот инцидент се случи на улицата „Владимир Комаров“ пред „Ред кафе“, во скопската општина Аеродром.

Кој е Мартин Јанушев?

Јанушев бил поранешен фудбалер, а во последниот период се занимавал со кик-бокс. Дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој вчера беше застрелан во главата, спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива.

Тој е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври, информира СпортМ.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје направи увид на местото на настанот во скопската населба Аеродром.

Слични содржини