Илјадници Унгарци се собраа на улиците на Будимпешта против нивниот премиер Виктор Орбан, ден пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе AFP.

AFP: Хиляди унгарци протестират срещу Виктор Орбан преди визитата на Меркел
Околу 4.000 демонстранти се собраа пред парламентот на земјата, за да испратат порака дека се противат на десничарските политики на Орбан и на зближувањето со Москва.
“Сакаме Меркел да го предупреди Орбан против приближување со Русија”, рече Марија Миклоси држејќи европско знаме во поддршка на членството на Унгарија во ЕУ.
Помали протести се одржаа истовремено во 11 градови на земјата и во шест градови во Европа, вклучувајќи Амстердам и Лондон.
За време на кратката посета, прва откако Орбан дојде на власт во 2010 година, Меркел ќе одржи говор на германските Универзитет Андраси, а ќе посети и синагога.

Слични содржини