По повеќечасовните тешки преговори за предлог-законот со кој ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат забрана за секаква употреба на  „бомбите“ на СДСМ, и цензура и за партии и за новинарите –  во спротоивно затвор, ноќеска  е договорено предлагачите Крсте Мукоски и Талат Џафери да си  го повлечат, изјавуваат извори од ноќешните преговори.

цафери

Во клубот на пратениците бил консултиран  и претсдателот на парламентот Трајко Вељановски, и лидерите, но на крај , најбезболно за власта било тие кои ги истрчале да предлагаат , тие да си го голтнат овој предлог закон,   и демек да го вратат на доработка. Ако не се надмине сега па нивната суета на партиски извршители, тогаш солуција би била Трајко, како што има обичај, да го држи во фиока и да не го става на дневен ред на седница.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  се изјаснил дека ако не си го решат се тоа , за денеска дека  ќе објави илјадници бомби до колку официјално не биде повлечен предлог законот.

Амбасадорите на САД и на Европската Унија, Џес Бејли и Аиво Орав, не биле запознаени со идејата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да се предложи ваков скандалозен  закон за цензура на „бомбите“. Тие исто така т барале објаснување од премиерот Никола Груевски, но не добиле задоволувачки одговор.Тие исто така , според извори од преговорите посочиле до колку предлагачите самите не  си го повлечат законот и не се согласат за судбината на „бомбите“ да се преговара дополнително, Бејли и Орав ќе бидат принудени денеска јавно да се огласат.

За сега изгледа цензурата е под контрола, до следниот обид и напад на власта на вождот Никола Груевски .

Слични содржини