Предметите од секојдневниот живот, кои предизвикуваат акни

од Vladimir Zorba

Обично мислиме дека само изложувањето на сончеви зраци може да ја оштети нашата кожа. Вистината е дека некои од работите кои ги користиме во секојдневниот живот, можат да бидат виновни за појавата на акните и црните точки. Еве што е важно да имаме предвид.

Капаците на перницата

Мастите и токсините од кожата остануваат и по перницата, што може да биде причина да се разбудиме со акна наутро. Можеме да го спречиме тоа, ако ги менуваме навлаките на перницата двапати неделно и го чистиме лицето пред спиење.

Мобилниот телефон

Тој е покриен со бактерии, а тоа е објектот кој секој ден го потпираме до лицето. Резултатот од ова многу често се акни по образите. Затоа треба да се увериме дека ја чистиме кожата и својот телефон или ги користиме слушалките, додека разговараме.

Наочарите за сонце

Многумина ги држат сончевите очила на главата или во ранец. Така, кога ќе ги ставиме, нечистотијата врз нив ги блокира порите на носот, што е идеален рецепт за црни точки и мозолчиња. За да ја заштитиме кожата треба често да ги чистиме.

Пилинг

Кога претеруваме со пилингот, тоа води до нарушување на надворешните кожни слоеви, кожата станува сува и воспалена. Чистењето еднаш неделно е доволно за да се спречи акумулација на нечистотија и маснотија врз кожата.

Слични содржини