Предводен од Дурант, Голден Стејт го елиминира Сан Антонио

од desk4

  Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт успешно ја мина првата пречка на патот кон одбрана на титулата, откако рано утрово, во петтиот дуел од пресметката со Сан Антонио победи со 99:91.

Најдобар кошаркар во домашната екипа беше Кевин Дурант со 25 поени, шест скока и пет асистенции.

Во четвртфиналето од разигрувањето за титулата, односно во конференциското полуфинале, противник на Голден Стејт ќе биде тимот на Њу Орлеанс.

На Исток, прв полуфиналист е Филаделфија која со вкупни 4-1 беше поуспешна од Мајами.

Слични содржини