Прегазена жена во Струмица

од desk2

Четириесет и четиригодишна струмичанка загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на ул. „Климент Охридски“.

Според информациите на МВР, А.З. (42) утринава во 5 и 20 часот со автомобил мерцедес спринтер со струмички регистарски ознаки удрил во А.Д. (44) од Струмица, која се движела пеш.

Полицијата соопшти дека жената починала на самото место.

Возачот е приведен, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Слични содржини