Патниот правец Кочани – Делчево е затворен за сообраќај поради големи одрони од карпи.  Возилата, како што соопшти АМСМ, се пренасочуваат по патниот правец Кочани – Виница – Берово – Делчево

Состојба на терен на ден 01.02.2015 до 19:00

 2 (1)

ПОЗС Кочани: – Нивото на реките се зголемени и е поплавено е земјоделско  земјиште,  а додека дотокот на вода во браната Калиманци е 150м3 а испустот на вода е 50м3 со што е започнато излеванје на браната Калиманци.Цело кочанско поле е поплавено а исто така има можност и излевање на река Брегалница кај село Чифлик. Прекин е патот Облешево с.Герaнци  и е обезбедуван од полиција

ПОЗС Струга:- Поплаки од страна на населението бидејќи имаат проблем со канализационата мрежа. Исто така има свлечиште на две куќи во Октиси во с.Мороиште и с. Мислешево, лок самоуправа реагира но водата потовно се врати.

ПОЗС Делчево:-  Зголемено е нивото на реките Брегалница и Габровчица и се имаат излиени на неколку места како и во централното градско подрачје каде се поставени вреќи  во и исто и во индустрискиот дел од градот  има излевање. Исто така загрозени се и фарма и млекара. Мостот помеѓу Разловци и Тработивиште е поткопан и е забрането движење по мостот. Новиот мост на излезот од градот Делчево во индустрискиот дел е поткопан и исто така е забранет за движење на моторни возила.Ситуацујата се следи и постепено се нормализира.Нивото на река Брегалница незначително се намалува.

ПОЗС Гостивар:- Од 31.01.2015 има прекин на електрична енергија долж реканскиот крај. На ден 01.02.2015г. има излевање на река Вардар во централното градско подрачје. Нова состојба е река Бајешница се излеала во населба Бајешница во моментот се работи со градежна механизација ангажирана од општината, ако не успеат да се справат ќе се поставуваат вреќи.

ПОЗС Битола:- Поплавени се селата ДолноОризари, Логоварди, Кравари, Карамани, Носпал, Васарејца и во прекин е локалниот пат Тополчани – Носпал ситуацијата е аларматна во моментот во долните текови на р. Драгор почнуваат да се излеваат водите од оваа река. Општина Могила вклучена е и АРМ . Општина Новаци е однесен голем војнички булдожер. Околу 3000ха се поплавени во реонот на општина Новаци. Во моментот котата на река Црна е 485. Од село Топлчани до предградијето на Битола се е поплавено ДЗС реагира со два багери а додека од страна на Општина Битола е активирана целокупната механизација.

ПОЗС Струмица:- Пукнат е насипот на река Струмица и е поплавена помала земјоделска површина.  Брана Турија и Брана Водача се зголемени нивото на водата и се отрворени вентилите за испустанје на вода. Со добиените нови информации водата се повлекува нема нови поплавувања освен земјоделско земјиште.

ПОЗС Охрид:- Пумпната станица во Дељан не е во функција од преголемо количество на вода. Поплавени се куќи на ул. Стив Наумов и ул. Железничка а исто така во близина хотел Парк има поплавено ниви.

ПОЗС Пробиштип:- Направениот насип  на мостот и поврзаниот пат со село Ратавица и кон селата Драч и Бунеш е во критична состојба  а исто така и мостот кои ги поврзува овие села е доста оштетен. Регионалниот пар од село Ратавица до Киселица левата лента не е во функција поради слечиште на земја.

ПОЗС Штип:- Ситуацијата е повторена од прошлиот пат со што е најавена можна мобилизација а исто така побарано е и вклучување на АРМ .Браната Калиманци преку преливникот се излеваат 26,6 м3 вода во секунда а од темелниот испуст и работа на централата 59м3 во сек вкупно 85,6 м3/сек.

nselo1

ПОЗС Свети Николе:-  Вештачката акумулација Мавровица 3 се одржува на критичното ниво. Во моментот се испуштаат 3м3 вода во минута за да се на мали водостојот на вештачката акумулација.

ПОЗС Кичево:- Прекин е елктричната енергија во градот и во реонот бидејќи се паднати далноводите кои носат струја од Битола и од Гостивар.

ПОЗС Македонски Брод:- Во Македонски Брод има електрична енергија а додека во селата нема истата е и ситуацијата во општина Пласница.

ПОЗС Куманово:- Излевање на Крива Река во село Јачинце се извидува теренот. По изводување на теренот ситуацијата еследна 20 куќи поплавени во с. Јачинце и 4 куќи во Довезенце до 15:00 никој не побарал помош.

ПОЗС Ресен:- Излеана е река Сопотница во с. Сопотница, голема Река можност за излевање и половина регион нема електрична енергија од 31.01.2015г. (18:00). Новата состојба е следна поплави во с. ДолнаБела Црква почеток на поплави во Езерени, Царев Двор Дрмени и Покрвеник. Огромна поплавена земјоделска површина. Дефект на електричната енергија каде 80 проценти од селата во Ресен немаат струја.

ПОЗС Кавадарци:- Во с. Глишич излеана е р.Луда Мара и е поплавено земјоделско земјиште.

ПОЗС Крушево:- Може да дојде до проблем во Прилепско преку суво делниците и Крушевска река поради топење на снегот во Крушевско.

ПОЗС Прилеп:- Река Црна во моментот прелива во с Тројксрти  и Тополчани и е поплавена обработлива почва а исто така каналот Блато прелива од страна на општината вклучени се 20 луѓе плус 2 од ДЗС.

ПОЗС Виница:- Реките Брегалница и Осојница се излеани и има поплавено земјоделски површини. На две делници од магистралниот пат Виница – Берово има поткоп на асфалт. Мостот на 13 км кај рибникот има оштетување.Се бара макаедонија пат да постави соодветна сигнализација. Во с. Исти бања се поставени вреки со песок за заштита на школото и др. објекти .

3

 

Слични содржини