Денеска во Брисел второ продолжение на преговорте од Скопоје каде беше договорена рамка за излез од кризата, и каде беше договорена денешната средба на која треба да  биде прецизиран договорот за преодна транзициска влада и предвремни избори потоа во Април.Хан за ова сериозно прашање си дал 5 часа а потоа си имал друга работа. Со ваквиот пристаБарем неденеска и не  од Хан, кој ја изигра довербата со (не)давањето изјави.gruevski-zaev-ahmeti-taci-540x248

Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), денеска се во Брисел

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, високи извори од ЕК потврдија дека на денешниот состанок што ќе се одржи во салата за состаноци во зградата „Берлемонт” на ЕК во Брисел, е потврдено присуството на македонската политичка четворка, додека од страна на ЕУ, покрај комесарот Хан, се очекува да присуствува само известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Според информациите од неформалната Влада на ЕУ, најпрво се предвидени издвоени, 45-минутни средби на комесарот Хан со Заев и неговата делегација во која се и Рената Дескоска-Треневска и Радмила Шекеринска (предвидено за 11:00 часот), како и со премиерот Груевски, кој доаѓа со Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров, а е предвидено билатерално да се сретне со комесарот во 12:15 часот.

По „билатералките” со Заев и Груевски, околу 13:00 часот се очекува четворицата политички лидери од Македонија, плус Хан и Вајгл да седнат на заедничка маса и да се договорат за ставање крај на политичката криза. Она што е сигурно е дека Хан има време за договор, најдоцна до 17:30-18:00 часот, бидејќи подоцна има други активности. Тоа значи дека еврокомесарот за преговори за проширување има издвоено пет ипол часа за договор, кој се очекува денеска да биде конечен.

На состанокот во Брисел, сите очекувања на ЕК се дека ќе биде постигнат договор, бидејќи доколку македонските политички лидери тоа не го сторат, посебно по постигнатата рамка, тогаш ќе опадне ентузијазмот за посредување на Хан, а можно е тој и да отпадне од понатамошните преговори и истите да ги посредува евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, заклучува МИА

Во меѓувреме  ЕК веќе работи на прогрес-извештајот за Македонија, кој се очекува да го издаде на 13-ти октомври, а кој доколку  остане кризата и понатаму , речиси сигурно ќе нема препорака за отворање на пристапните преговори, што ЕК го правеше изминатите шест години.

Слични содржини